Права и обврски во
работен однос

Обврски на работодавачите

  • Обврска да му го обезбеди на работникот вршењето на договорената работа;
  • Обврска да му обезбеди соодветно плаќање на работникот за вршењето на работата во согласност со закон;
  • Обврска да му обезбеди услови за безбедност на животот и здравјето на работникот;
  • Обврска да ја штити личноста (достоинството и приватноста) на работникот;
  • Обврска да ги штити личните податоци на работникот.

Обврски на работниците

  • Обврска на работникот да ги почитува барањата и упатствата на работодавачот;
  • Обврска на работникот совесно да ја извршува работата;
  • Обврска на работникот (во случаите определени со закон и со колективен договор) да врши и друга работа што не е предвидена со договорот за вработување доколку е во рамките на степенот на неговата стручна подготовка;
  • Обврска на работникот да се воздржува од сите постапки што се штетни или би ги повредиле интересите на работодавачот;
  • Обврска на работникот да ги почитува и да ги спроведува прописите за заштита при работа и да ги заштити својот живот и своето здравје, како и здравјето и животот на другите лица;
  • Обврска на работникот да го известува работодавачот за суштинските околности што влијаат, односно би можеле да влијаат врз исполнувањето на неговите договорни обврски;
  • Обврска на работникот за чување деловна тајна;
  • Обврска на работникот за почитување на законската забрана за конкурентско дејствување при времетраење на работниот однос.

Мој труд.
Мои права.

Права и
обврски во
работен
однос

Share