Мој труд,
мои права

Апликацијата (веб-страницата) МОЈ ТРУД, МОИ ПРАВА. овозможува брзо и лесно да дознаете сè што ве интересира во врска со вашите работнички права.

Информираноста и познавањето на работничките права се основа за нивно успешно практикување, како за работниците, така и за работодавачите.

Може да почнете со разгледување на категориите работнички права кои се содржани во апликацијата (веб-страницата), а потоа да се навраќате за да дознаете повеќе за работничките права кои Ве интересираат во моментот.

Оваа апликација (веб-страница) е изработена во рамки на кампањата на Економско-социјалниот совет за поголема информираност за работничките права МОЈ ТРУД, МОИ ПРАВА. Кампањата е подготвена и се реализира во рамки на проектот на Меѓународната организација на трудот, Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија.