Компаниите се должни на работниците да им обезбедат здрави и безбедни услови за работа како предуслов за брзо, ефикасно и навремено исполнување на работните обврски. Безбедност и заштита при работа е начин за обезбедување заштита на нивното физичко и психичко здравје, како и за обезбедување достоинство и хуманост во работните односи.
Мерките и обврските на работодавачот и правата и обврските на вработените се уредуваат со Закон за безбедност и здравје при работа, а инспекциски надзор во оваа област врши Државниот инспекторат за труд.
Обезбедувањето здрави и безбедни услови за работа е обврска, пред сè, на работодавачите, но, исто така, значајна е и улогата на работниците и на нивните претставници.
Работодавачот мора да обезбеди мерки за безбедност и здравје и да изготви и да спроведе изјава за безбедност за секое работно место, прецизирајќи ги начинот и мерките што треба да се преземат, а во врска со неа, работодавачот е должен да обезбеди мислење од синдикатот или од претставникот на вработените таму каде што нема синдикат.
Работодавачот е должен:
Додека траат опасностите, работодавачот не смее да ги задолжува вработените да извршуваат работни обврски.
Вработените ги имаат следниве права и обврски:
Претставникот го избираат вработените од своите редови на синдикален собир на мнозинскиот синдикат или на собир на вработени.
Претставникот има посебна заштита од работен однос што ја има и претставникот на синдикатот кај работодавачот, согласно закон и колективен договор.
Бројот на претставниците зависи од бројот на вработените, со тоа што тој број треба да биде:
Во секој работен простор каде што постои опасност по безбедноста и здравјето на работниците, без оглед на бројот на вработените, се избира претставник.
Претставникот на вработените има право:
Работодавачот мора на претставникот да му овозможи непречено вршење на неговата функција преку обезбедување соодветно време и потребни средства без намалување на платата, при што не смее да го стави во неповолна состојба поради неговите активности.
Овие права ги има и претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат.
Кампањата работнички права ја реализира
Економско-социјалниот совет co поддршка на Зајакнување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот

Содржината е единствена одговорност на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог,
и не ги одразува ставовите на Европската Унија.
Кампањата работнички права ја реализира
Економско-социјалниот совет co поддршка на Зајакнување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот

Содржината е единствена одговорност на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог,
и не ги одразува ставовите на Европската Унија.