Договор за вработување

Договорот за вработување претставува правен основ за засновање работен однос. Тој е формален договор што се склучува во писмена форма. Се чува во работните простории во седиштето на работодавачот и примерок од него му се врачува на работникот на денот на потпишувањето.

Договорот за вработување во себе ги содржи заемните права, обврски и одговорности на двете договорни страни. Утврдените права, обврски и одговорности се во согласност со оние утврдени во Законот за работните односи и во колективните договори. Договорот за вработување не може да содржи одредби со кои на работникот му се даваат права и обврски што се понеповолни од оние што се утврдени со закон или со колективен договор.

Содржината на договорот за вработување е утврдена во Законот за работните односи (чл. 28). Помеѓу останатите одредби, договорот за вработување треба да содржи и одредби за:

називот на работното место (со краток опис на работата што ќе ја врши работникот според договорот за вработување);

времето на траење на работниот однос (кога е склучен договор за определено време);

дневното или неделното редовно работно време и распоредувањето на работното време;

висината на основната плата (која се изразува во паричен износ што му припаѓа на работникот за вршење на работата според закон, колективен договор и договор за вработување);

другите надоместоци што му припаѓаат на работникот за вршење на работата според закон и колективен договор;

годишниот одмор, односно начинот за определување на годишниот одмор.

Во договорот за вработување може да се предвидат и други прашања, кои не се утврдени во Законот за работните односи, но кои не отстапуваат од општите права утврдени во овој закон и во колективните договори.

Измената на договорот за вработување (т. е. промената на условите на договорот за вработување) може да биде предложена од страна на работодавачот или од страна на работникот. Таквата измена може да биде извршена само доколку и двете страни се договорат (согласат) за предложената промена на условите и за тоа склучат „анекс на договорот за вработување“. Измената (анексот) на договорот за вработување му оневозможува на работодавачот еднострано (без согласност на работникот) да изврши промена на работното место или на кој било друг суштествен услов во договорот за вработување на работникот (на пример, намалување на платата, промена на местото на работа или промена на работното време од полно во неполно или обратно). Во практиката, честопати промената на условите во договорот за вработување е резултат на укинување на работното место или намалување на обемот на работа на работодавачот. Ваквите промени го ставаат работникот пред изборот „да ги прифати променетите услови на работодавачот што вообичаено водат кон намалување на платата“ или, пак, „да ја загуби својата работа“. Доколку работникот ги прифати променетите услови, тогаш изменетиот договор го заменува постојниот договор за вработување и нема ништо спорно помеѓу договорните страни. Но, доколку работникот одбие да го склучи анексот на договорот со кој се менува постојниот договор за вработување, работодавачот може да ја оствари својата намера единствено врачувајќи му на работникот „отказ на договорот за вработување со понуда на нов променет договор“. Во овој случај на „отказ на договорот за вработување со понуда на нов променет договор“ истовремено се откажува постојниот договор за вработување, при што на работникот му се предлага склучување договор за вработување под изменети услови.

Двата дела (отказот на договорот за вработување и понудата на новиот и/или променет договор) мора да бидат меѓусебно поврзани и да бидат составен дел од еден ист акт „отказ и понуда на нов променет договор“. Работодавачот мора да има основана причина за отказ, без оглед на понудата на нов променет договор за вработување, а работникот мора да се изјасни за новиот променет договор за вработување во рок од 15 дена од денот на приемот на понудата. Согласно македонското работно законодавство, отказот со понуда на нов променет договор за вработување може да има два различни исходи: прифаќање на понудата и неприфаќање на понудата за новиот променет договор за вработување.

Договор за вработување на определено време

Договорот за вработување на определено време е таков договор за вработување чие траење е однапред определено. Рокот, за кој се случуваат договорите за вработување на определено време, може да биде одреден календарски (на пример, договорот се склучува за вкупен период од три месеци од денот на неговото склучување или договорот истекува на 10.6.2017 година), понатаму, со исполнување определен услов, т. е. извршување некоја работа (на пример, работа на проект) и со настапување одреден настан (на пример, враќање на привремено отсутниот работник што бил на отсуство поради болест, мајчинство или родителство и сл.). Во македонското работно законодавство, ограничувањето на максималното траење на работниот однос на определено време изнесува 5 години и опфаќа вршење исти работи, со или без прекин. Бројот на последователни (сукцесивни) договори за вработување на определено време не е ограничен. Тоа значи дека работодавачот, за вршење исти работи (т. е. работи што припаѓаат на иста група или категорија работни места) може да склучи еден или повеќе договори за вработување на определено време со работникот помеѓу кои може, но и не мора да има прекин. Доколку работникот продолжи да работи на истите работи и по истекот на максималниот рок за ограничување на траењето на договорот за вработување, тогаш неговиот работен однос преминува (се трансформира) од работен однос на определено во работен однос на неопределено време.

Работниците на определено време во македонското работно законодавство, врз основа на „начелото на еднаков третман“, имаат еднакви услови за работа како и работниците на неопределено време. Тоа значи дека работниците на определено време, без оглед на времетраењето на нивниот работен однос, уживаат идентични права како и работниците на неопределено време, како што се: право на плата, заштита на безбедност и здравје при работа, ограничено работно време, пауза, дневен, неделен одмор, заштита од откази, права од социјално осигурување и слично.

Сезонска работа

Во македонското работно законодавство, сезонската работа ја подразбира работата што не се извршува во текот на целата година, туку во одредени периоди – сезони што изнесуваат најмногу осум месеци во период од 12 последователни месеци. Слично како и кај прераспределбата на работното време, сезонските работници во одреден период од сезонската работа може да работат со работно време над полното (повеќе од 40 работни часа), а тие работни часови да им бидат пресметани како дополнителни работни денови во нивниот стаж на осигурување или да им бидат компензирани со пократко работно време во останатиот период од траењето на сезонската работа.

Во секој случај, Законот за работните односи воспоставува горна граница за максималното траење на работното време на сезонскиот работник, кое не смее да биде подолго од 12 часа дневно или 55 часа неделно и за време не подолго од 4 месеци.

Привремено агенциско вработување

Привременото агенциско вработување претставува атипична форма на вработување, која е регулирана со Законот за приватните агенции за вработување. Тоа претпоставува постоење на тристран правен однос што вклучува: приватна агенција за вработување со лиценца за привремени вработувања (агенција); привремен агенциски работник (работник) и работодавач корисник. Тристраниот правен однос помеѓу страните на привременото агенциско вработување се уредува со два формални договори: договор за вработување (кој се склучува помеѓу Агенцијата и Работникот) и договор за отстапување работник (кој се склучува помеѓу Агенцијата и Работодавачот Корисник). Работите за кои работникот може да му биде отстапен на работодавачот корисник треба да бидат од „привремена природа“ и да опфатат точно определени причини утврдени со закон, додека, пак, рокот за ограничување на отстапувањето на работникот кај работодавачот корисник може да трае сè додека трае потребата од неговата работа, но не подолго од две години, со или без прекин. Правата на привремените агенциски работници се изедначуваат со сите права што им следуваат на работниците што директно засновале работен однос кај работодавачот корисник, без посредство на агенцијата. Такви права се: платата и останатите материјални надоместоци поврзани со работењето, придонесите од плата за задолжително социјално осигурување (кои се уплаќаат од страна на агенцијата, дури и во случај кога работникот му е отстапен на работодавачот корисник во траење од еден ден), работното време, годишните одмори и отсуства и слично.

Договор за вработување со неполно работно време

Законот за работните односи под работа со неполно работно време ја предвидува работата со работно време што е пократко од полното. Тоа значи дека работниот однос на неполно работно време може да се заснова без оглед на времетраењето на кое е склучен договорот за вработување (неопределено или определено време), како и без оглед на неделниот опсег на работни часови, кои треба да изнесуваат помалку од работните часови утврдени за полно работно време (1-39 работни часа). Во договорот за вработување со неполно работно време треба да бидат утврдени почетокот и завршувањето на дневното работно време на работникот, а работодавачот треба да води посебна евиденција за работниците со неполно работно време. Работниците со неполно работно време имаат исти услови за работа и еднакви права од работен однос во споредба со работниците со полно работно време. Сепак, поради помалиот обем на работни часови, работниците со неполно работно време определени права може да ги остваруваат во помал обем од работниците со полно работно време. Тоа значи дека работниците со неполно работно ги остваруваат истите права од работен однос како и работниците со полно работно време, но во сразмерност (пропорција) со работните часови за кои е склучен договорот за вработување. Ова начело се нарекува „начело на пропорционалност“ и тоа ги опфаќа „материјалните“ права од работен однос (плата, надоместоци на плата, отпремнина и слично), но и дел од „нематеријалните“ права (на пример, правото на годишен одмор што за работниците со неполно работно време изнесува најмалку 10 работни дена).

Законот за работните односи ја предвидува и формата на работа со неполно работно време со повеќемина работодавачи. Тоа значи дека работникот може да склучи два или повеќе договори за вработување со неполно работно време со двајца или повеќемина работодавачи, при што фондот на работните часови кај сите работодавачи (кумулативно) не смее да го надмине „нормалното“ ограничување на работното време, а тоа е износот на полното работно време од најмногу 40 работни часа неделно.

Конечно, работното законодавство го регулира и т.н. дополнително работење“, како форма на работа за која се склучува договор за вработување со неполно работно време кај друг работодавач, различен од работодавачот/-ите кај кого работникот е вработен со полно работно време. Дополнителното работење е ограничено на најмногу десет часа неделно и тоа е условено со претходна согласност на работодавачите каде што работникот е вработен со полно работно време.

Договор за вработување со вршење работа дома

Согласно Законот за работните односи, под вршење работа дома се смета работа што работникот ја врши во својот дом или во простории по свој избор што се надвор од деловните простории на работодавачот. Договорите за вработување со вршење работа дома претежно ги опфаќаат работните активности и задачи наменети за изработување одредени производи (на пример, шиење одредено количество текстилни производи на машина за шиење или сечење одредено количество дрва на машина за сечење дрва и слично) или услуги (на пример, преведување одреден број страници текст на странски јазик и слично), отколку работните активности и задачи поврзани со примена на современи информатичко-комуникациски технологии во вообичаениот работен процес.

Сепак, согласно постојното работно законодавство, не постои никаква правна пречка работникот од издвоено работно место (т. е. од дома) да врши и работи со примена на ИК-технологии. Работодавачот е должен договорот за вработување за вршење работа дома да му го достави на инспекторот на трудот во рок од три дена од денот на склучувањето на договорот.

Мој труд.
Мои права.

Share