Работен однос

Регулирањето на правната положба на работниците и уредувањето на нивните услови за работа произлегуваат од постоењето на работниот однос. Само преку стапувањето во работен однос, работниците може да ги стекнат сите права предвидени во Законот за работните односи, другите посебни закони во сферата на трудот, но и во прописите за социјално осигурување (пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и осигурување во случај на невработеност). Оттука, за работниците, од исклучително значење е да знаат како да го идентификуваат работниот однос и како да го разграничат од нему сличните договорни форми (на пример, договорите за дело), како и од формите на работа што потпаѓаат под т.н. „неформална вработеност“ (на пример, непријавено вработување, прикриен работен однос, нерегистрирана дејност и сл.).

„Работниот однос“ е договорен однос помеѓу работникот и работодавачот, во кој работникот доброволно се вклучува во организираниот процес на работа кај работодавачот за плата и други примања, лично непрекинато ја извршува работата според упатствата и под надзор на работодавачот.

Најважен елемент за утврдување на постоењето на работниот однос е т.н. субординација, која доаѓа до израз преку вклучувањето на работникот во организираниот процес на работа кај работодавачот и вршењето на работата според упатствата и под надзор на работодавачот. Дополнителни индикатори со чија помош, во практиката, може да се изврши разграничување помеѓу работниот однос (договорот за вработување) и другите договорни односи по повод и во врска со трудот (договори за дело) се: вршење на работата во или надвор од рамките на дејноста на работодавачот (кога работата што ја врши работникот спаѓа во дејноста на работодавачот, постои индиција за заснован работен однос); сносење на економскиот ризик од работењето (во работниот однос, работникот не го сноси економскиот ризик од работењето бидејќи ризикот паѓа на товар на работодавачот); начин на плаќање (во работниот однос, работникот добива периодична плата што вообичаено се исплаќа во еднакви делови); обврска за лично вршење на работата (во работниот однос, работникот е обврзан лично да ја врши работата); времетраење на работниот ангажман (работниот ангажман на работникот во работниот однос вообичаено трае релативно подолг временски период, т. е. не се врши еднократно) и сл.

Share

Кампањата работнички права ја реализира
Економско-социјалниот совет co поддршка на Зајакнување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот

partners1

Содржината е единствена одговорност на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог,
и не ги одразува ставовите на Европската Унија.

Мој труд.
Мои права.