Постапката за вработување начелно опфаќа:
Потребата од нови работници работодавачот може да ја обезбеди на еден од следните начини:
1.Со огласување јавен оглас во дневниот печат на товар на работодавачот или во други средства за јавно информирање;
2.Со објавување во службата надлежна за посредување при вработување, без наплата во согласност со закон;
3.Со посредување на службата надлежна за посредување при вработување преку упатување лица за вработување од евиденцијата на невработените лица и
4.Преку агенција за посредување при вработување со наплата од работодавачот во согласност со закон.
Првиот и четвртиот начин на обезбедување на потребата од нови работници предвидуваат трошоци на страната на работодавачот, додека, пак, вториот и третиот начин директно ја инволвираат Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и тие се бесплатни за работодавачот.
Работен однос може да заснова секое лице што исполнува одредени услови што претставуваат правни претпоставки на способноста да се заснова тој однос.
Условите што едно лице треба да ги исполни за да може да заснова работен однос може да бидат општи и посебни.
Постапката за вработување продолжува со пријавување на лицата што ги исполнуваат бараните услови за да засноваат конкретен работен однос.
Во фазата на пријавување на можните кандидати за вработување, Законот за работните односи наметнува определени обврски и права за двете страни, односно за работниците (кандидатите за вработување) и работодавачите.
Обврски и права на кандидатите за вработување:
Обврски и права на работодавачите:
Откако ќе направи избор меѓу пријавените кандидати, работодавачот склучува договор за вработување со избраниот работник. Во договорот за вработување задолжително се утврдува датумот на стапување на работа.
Работникот не може да стапи на работа пред да се склучи договорот за вработување и пред работодавачот да го пријави во задолжителното социјално осигурување.
Кампањата работнички права ја реализира
Економско-социјалниот совет co поддршка на Зајакнување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот
Содржината е единствена одговорност на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог,
и не ги одразува ставовите на Европската Унија.
Кампањата работнички права ја реализира
Економско-социјалниот совет co поддршка на Зајакнување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот
Содржината е единствена одговорност на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог,
и не ги одразува ставовите на Европската Унија.