Најчесто
поставувани
прашања?

Платениот годишен одмор изнесува најмалку 20 работни дена.
Но, во зависност од должината на работното искуство, сложеноста на работните задачи, здравствената состојба на вработеното лице, условите за работа, годините на работникот, како и неговиот стаж, бројот на слободни денови во зависност од колективниот договор може и да се зголеми.

Вработеното лице има можност годишниот одмор да го користи во повеќе делови во договор со работодавачот, но еден дел од годишниот одмор мора да трае најмалку две непрекинати работни недели.
Работодавачот има законска обврска да му обезбеди на вработеното лице искористување 12 работни дена годишен одмор до крајот на календарската година, а другите неискористени денови да може да се користат до 30 јуни наредната година.

Во Законот за работни односи точно се наведени претпоставените можни лични и семејни случувања и колку денови следуваат за нив:

  • склучување брак на дете ‒ 2 дена;
  • склучување брак ‒ 3 дена;
  • селидба во ист град ‒ 1 ден; селидба во друг град ‒ 2 дена;
  • посвојување дете ‒ 2 дена;
  • елементарни непогоди ‒ 3 дена;
  • смрт на баба, дедо или друг член на семејството – 1 ден;
  • за полагање испит за потребите на работодавачот ‒ 3 дена, итн.

Вкупниот број денови платен одмор не може да изнесуваат повеќе од 7 дена во тековната година.

Работникот има право на паричен надоместок за неискористените денови од годишниот одмор само доколку тој го побарал, а не му било овозможено да го користи. Со исплатата на паричниот надоместок по основ на неискористени денови од годишен одмор, се смета дека работникот целосно го искористил годишниот одмор.

Работникот може да отсуствува од работа без надоместок на плата и придонеси од плата во случаите и под условите утврдени со колективен договор, но најдолго три месеци во текот на календарската година. За време на неплатеното отсуство, на работникот му мируваат правата и обврските од работниот однос.

Доколку вработениот уредно достави документи со кои се докажува дека отсуството од работа е по основ на здравствени причини, тогаш тој добива надоместок на плата, што значи дека платата е намалена, согласно Законот за работните односи и Законот за здравствено осигурување, во зависност од деновите на отсуство.

Задолжителна обврска на вработеното лице е да го најави отсуството на својот непосреден претпоставен (во рок од 48 часа) и тоа да го поткрепи со документ од медицинска установа.

Доколку вработеното лице има нарушување на здравствената состојба, предизвикана од повреда на работното место, во тој случај, отсуството се смета за платено, односно платата е 100 %, но потребно е да се преземат соодветни правни дејства и од страна на вработеното лице, но и од страна на работодавачот.

Платата на работникот за работа со полно работно време не може да биде пониска од минималната плата утврдена со закон и со колективен договор. Според законот за минимална плата во Република Македонија од 2014 година, висината на минималната плата изнесува 10 080 денари во нето-износ.

Платата се исплаќа најдоцна 15 дена по изминувањето на исплатниот период. Ако денот на исплаќањето е слободен ден, платата се исплаќа најдоцна идниот прв работен ден.
Работодавачот е должен претходно писмено да ги извести работниците за денот на исплаќањето и за секоја промена на денот на исплаќањето.

Работодавачот е должен на работникот да му ја исплати платата на начин утврден со закон. При секое исплаќање на платата, работодавачот е должен да му издаде на работникот (до 31 јануари во новата календарска година) писмена пресметка на платата, придонесите од плата и надоместоците на платата за платниот период, односно за изминатата година, од кои, исто така, се гледаат и пресметката и плаќањето на даноците и придонесите.
Трошоците во врска со исплатата на платата се на товар на работодавачот.

Работничка за време на бременост, раѓање и родителство има право на платено отсуство од работа во траење од девет месеци непрекинато, а доколку роди повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе), петнаесет месеци.
Врз основа на наод од надлежниот здравствен орган, работничката може да го започне отсуството за бременост, раѓање и родителство 45 дена пред раѓањето, а задолжително 28 дена пред раѓањето.

Работничка што посвојува дете има право на платено отсуство за времетраењето на периодот на приспособување на детето согласно прописите за семејството.

Работничка што користи отсуство поради бременост, раѓање и родителство, ако сака, може да се врати на работа и пред истекот на отсуството, но не и пред 45 дена од денот на раѓањето на детето.

Висината на надоместокот на плата за време на отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство изнесува 100 % од основицата на надоместокот на плата. Надоместокот за отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство се исплатува од првиот ден на привремената спреченост за работа од средствата на Буџетот на Република Македонија.

Share

Кампањата работнички права ја реализира
Економско-социјалниот совет co поддршка на Зајакнување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот

partners1

Содржината е единствена одговорност на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог,
и не ги одразува ставовите на Европската Унија.

Мој труд.
Мои права.

Најчесто
поставувани
прашања